Добредојдовте во Вила Роза.
Место кое Ви нуди прекрасен престој покрај Дојранското Езеро и кое располага со различни капацитети на сместување, трудејќи се постојано да одговара на Вашите потреби и желби.
Апартманите и студијата кои Ви ги нудиме на располагање се со комплетно опремени бањи, модерни кујни, комотни плакари, ТВ, клима, бесплатен интернет; но сепак наш најголем адут е прекрасниот балкон и градина со незаборавен поглед кон езерото.
Локацијата на Вила Роза е идеална. Од една страна нашата позиционираност Ви овозможува да ги избегнете летните гужви, а од друга страна- е сепак доволно блиску до многуте ресторани и кафе барови. Вила Роза е оддалечена 800 метри од центарот на градот и од ткн. ,,Градска плажа’’ и се наоѓа во непосредна близина на плажите Партизан и Елем.
Локација Контакт